- Залиха: Достапен
- Автор: Шарл Бодлер
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2004
- Број на страници: 53
- Корица: мека
- Јазик: македонски
- ISBN: 9989-33-043-3
Шарл Бодлер (1821-1867) е француски поет и критичар, со кого започнува модерната европска лирика. Неговото најдобро дело Цвеќе на злото (1857) е лирска збирка создавана петнаесетина години, која била забранета поради повредата на јавниот морал, а поетот бил изведен пред суд. Скршен од бурниот боемски живот, Бодлер умира болен и сам во својата четириесет и шеста година без да го добие признанието кое неговото поетско дело го заслужува. Неовата единствена објавена збирка за време на неговиот живот, Цвеќе на злото, е најзначајна поетска збирка во лириката на деветнаесеттиот век, а според своите теми, пораки, стилски и изразни иновации и достигнувања таа е претходница на севкупната европска модерна лирика. Покрај ова врвно дело, Бодлер создал и поголем број песни во проза обединети во книгата Сплинот на Париз.