- Залиха: Достапен
- Автор: Марин Држиќ
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2011
- Број на страници: 160
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-566-2
Марин Држиќ (1508-1567) е најголемиот дубровнички ренесансен писател. Автор е на повеќе драмски дела: Тирена (1549), Венера и Адон (1551), Плакир (1556), Новела од Станец (1550), Карањето на Цивко Облизало и Саво Враголов, Помет (1548), Дундо Марое (1551), Скуп (1559), Аркулин, Манде и Пјерин. Комедијата Дундо Марое е неговото најдобро драмско дело. Таа не се разликува многу од италијанските комедии на шеснаесеттиот век, во кои имагинацијата на авторот настојува со многу интриги и замрсени елементи да го покаже дејствието во драмата. Оваа комедија со својата заплетканост и оригиналност ги надминува останатите кои се создадени во тоа време. Преку ова комедиографско дело авторот сакал да пренесе порака дека не треба да се биде толку скржав како стариот Марое, ниту пак голем расипник како неговиот син Маро, туку да се бара некоја средина меѓу овие две дијаметрално спротивни човечки особености. Комедијата Дундо Марое станува една од најуверливите слики на ренесансниот Дубровник, а ведрината и духовитоста кои провејуваат низ неа, ова дело го прават актуелно и денес.