- Залиха: Достапен
- Автор: Избор
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2014
- Број на страници: 57
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-307-1
This offer ends in:
Стремежите на еден народ со сопствена борба и жртви да ги изборат своите национални и социјални права и слободи се овековечени во епските народни песни. Покрај високите естетски вредности, тие низ конкретно бележење на историските времиња, настани и личности создаваат една своевидна, неповторлива историја за традицијата, борбата и непокорот. Епското фолклорно творештво опфаќа голем број разновидни народни умотворби, при што епските песни главно се одликуваат со раскажувачко – музикална форма. Инаку, епската народна поезија содржи: митолошки, легендарни, јуначки и други творби, создадени најчесто во епската поетска форма, додека некои песни се испеани и во епско – лирска или лирска форма. Борбените народни песни имаат четири циклуси: јуначки песни, ајдутски песни, комитски (револуционерни) песни и песни за Народноослободителната војна. Сите тие се неповторливи примери како се сака и како се брани татковината.