- Залиха: Достапен
- Автор: Иво Андриќ
- Димензии: 14.80cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2004
- Број на страници: 210
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 9989-33-009-3
This offer ends in:
Во творечкиот опус на нобеловецот Иво Андриќ (1892-1975), збирката раскази “Деца” зазема сосема рамноправно место меѓу останатите негови книги, како што се: “Мостот на Дрина”, “Травничка хроника”, “Госпоѓица”, новелата “Проклета авлија”. Збирката раскази “Деца” е составена од тринаесет раскази. Тие повеќе би можеле да се оквалификуваат како раскази за детството. Во случајот на Андриќ, тоа е засенчено со темни нијанси кои се продукт на едно тешко и тегобно детство. Всушност, детствотто се одвива во услови на оскудност и сиромаштија, која ги раѓа животните неправди и потешкотии. Тие децата ги оневозможуваат во нивната игра и ја разгоруваат нивната фантазија да мечтаат за нешто подобро. А, кога тие копнежи не се исполнуваат, тогаш неминовна е појавата на длабоките траги и неизлечиви лузни во детските души.