- Залиха: Достапен
- Автор: Волтер
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2003
- Број на страници: 125
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
Кандид е напишан пред полни два века. Кога го напишал Волтер бил во шеесет и петтата година од животот, што покажува дека имал големо искуство и не можел повеќе да има никакви илузии за светот во кој морал да дише, а кој го задушувал од најмлади денови кога како момче почувствувал празнина и здодевност од схоластичкото образование во језуитскиот колеџ. Главниот предмет на Волтеровата критика во Кандид всушност е познатата филозофска идеја – Лајбницовата идеја за предодреденост на хармонијата, со која се објаснува се со некои однапред поставени и утврдени редови, така што и овој свет во кој живееме и мораме да живееме е токму таков, како што можел и морал да биде, т.е. најдобриот од сите светови. Волтер сакал да покаже колку таквиот космолошки оптимизам е оддалечен од стварноста.