- Залиха: Достапен
- Автор: Дарија Јовановска
- Број на страници: 78
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-335-198
Поезијата на Дарија може да се спореди со шумот на трепетликите, или можеби на убавината на едно есенско утро во Кавказ.
Не би знаела зошто ова се првите мисли што ми дојдоа кога ги читав нејзините записи.
Во секој случај оваа млада авторка со исклучително силна реч продира и ги отелотворува можеби старо-новите поетски стихови каде убавината на поезијата е живописна, меланхолична, каде поетот или поетесата самува и ја бара смислата, но и постојано води еден разговор со себе, евоцира спомени од детството и тогашната игривост.
Поетесата тука сонува, ја повикува читателската публика да не заборава на личната, но и сеопштата слобода.
По малку тагува за некои изминати денови, но и за загубата на човековата емоција. Се труди да ја оживее, и никако да не ја надживее.
Теодора Соколовска