
- Залиха: Достапен
- Автор: Јован Дамјановски
- Година на издавање: 2026
- Број на страници: 171
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-338-830
„На работ од светот“ е
роман за границата. За онаа невидлива линија меѓу јавето и сонот, меѓу
меморијата и заборавот, меѓу разумот и стравот, меѓу светлината и сенката.
Јован Дамјановски создава дело во кое човекот не се соочува само со времето што
поминало, туку и со прашањето што останува од животот кога спомените ќе станат
погласни
од сегашноста.
Ова е роман за
внатрешните предели на човекот, за немирот на мислата, за соништата што ја
продолжуваат стварноста и за тишината во која се слушаат најдлабоките прашања.
Во тој простор на изострена свест, минатото не е завршена приказна, туку жива
материја што повторно се отвора, се преиспитува и се мери со она што човекот го
носи како вина, љубов, страв, достоинство и смисла.
Како дваесетти,
јубилеен роман во прозниот опус на Дамјановски, „На работ од светот“
претставува зрела и филозофски изнијансирана проза, во која личното искуство се
отвора кон поширока слика за човековата судбина.




