Мени
Вашата кошничка

Најеротските писма до Нора

Најеротските писма до Нора
-38 %
Најеротските писма до Нора
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Џемс Џојс
  • Димензии: 10.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2011
  • Број на страници: 60
  • Корица: мек повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-576-1
This offer ends in:
Дена
Часа
Мин.
Сек.
99.00 ден.
160.00 ден.
Без ДДВ: 99.00 ден.

Но, о, Боже, зарем јас не би ти ги дарувал сите кралства на овој свет кога само би можел. О, душо, толку сум љубоморен на минатото, а сепак ги грицкам ноктите од возбуда кога ќе сретнам некој од тој чудно смирувачки град на запад, каде што мојата сакана, мојот прекрасен див цвет, ги поминала своите момински години во смеа. Нора, најмила, зошто не си тука да ме утешиш? Морам да го завршам ова писмо, толку сум вознемирен. Ме сакаш, нели, најмила моја невесто? О, како ме завитка околу твоето срце! Биди среќна, љубов моја! Мајчичке моја, прими ме во темното светилиште на твојата матка. Тргни ме од бедата, душо! Премногу сум детинест и брз, за да можам да живеам сам. Помогни ми, душо, моли се за мене! Сакај ме! Мисли на мене! Толку сум беспомошен вечерва, беспомошен, беспомошен! Милион бакнежи на мојот мил, со роса наквасен цвет од запад, милион бакнежи на мојата сакана Нора со кадрици.