- Залиха: Достапен
- Автор: Плаут
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2004
- Број на страници: 49
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 9989-33-035-2
Тит Макциј Плаут (254-184 пр.н.е.) е најпознатиот римски комедиограф, роден во Сарсина, во Умбрија. Негови попознати комедии се: Менехмо, Амфитрион, Војникот фалбаџија, Скржавецот, Заробеници и др. Скржавецот обработува приказна за стариот сиромашен скржавец Еуклион кој пронаоѓа грне со злато и постојано бдее над него. Овој мотив се испреплетува со мотивот на љубовта: Еуклиновата ќерка на една прослава ја обљубува младиот Ликонид, кој подоцна се кае и сака да се ожени со неа. Но, од Еуклион раката на неговата ќерка ја побарал вујкото на Ликонид, Мегадор, при што Еуклион помислил дека Мегадор го намирисал богатиот мираз на грнето со злато почнува да го крие на различни места постојано плашејќи се и од сопствената сенка. Во еден момент, додека грнето го крие на друго место, го забележува Ликонидовиот слуга кој му го зема златото. Крајот на комедијата, кој не е сочуван, можеме да го предвидеме: за да го добие своето богатство, Еуклион ја дава својата ќерка на Ликонид.