- Залиха: Достапен
- Година на издавање: 2022
- Број на страници: 92
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-608-4911-03-6
This offer ends in:
„Расказите на Настева се една исповедна проза, проза за природното на човековиот парадокс, за зоната на субјективното – во нив станува збор за површни вредности, за ригидни ликови на коишто животот треба да им експлодира во лице за да стигнат до едно делче од вистината.“
Игор Крајчев
„Во овој кус век да се трага по корените е навидум бесмислено. Но, во овој кус век да се исече најтрајниот постамент е повеќе од бесмислено. Што гледа раскажувачот во корените? Гледа праизвор од којшто произлегуваат животните крстопати и колективното искуство. Збирката раскази содржи психолошко впечатливи и нијансирани приказни, коишто преку метафоричниот тон на изразување на Настева не го изразуваат сегментот на создавање нов и поинаков свет, туку го изразуваат дефинитивниот чин на давање живи бои на постоечкиот, овдешниот и сегашниот. Нејзините протагонисти се со распламтени души и вжарени умови, заронети најдлабоко во минатото коешто ги обврзува. Да го подвлечеме најсуштественото во првата збирка раскази на Настева: протагонистите се сеприсутни – или сме опкружени со луѓето од расказите или ние сме луѓето од расказите.“
Моника Матовска, основач на Храмина