- Залиха: Достапен
- Автор: Рене Гијо
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2015
- Број на страници: 64
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-498-6
This offer ends in:
Рене Гијо (1900-1967) е истакнат француски писател роден во Дакар (Африка), каде што до Втората светска војна живеел и работел како професор по математика. Тој е познат по своите авантуристички романи за деца не само во француската, туку и во светската литература. Неговиот опус содржи педесетина романи, посветени на децата, од кои посебно се истакнуваат Бела Грива и Другари на среќата. Романот Бела Грива, авторот го напишал во 1950 година, а во 1952-та според овој роман францускиот режисер Албер Ламорис снима истоимен филм. Главни јунаци во романот Бела Грива се момчето Фолко и убавиот бел и див коњ Бела грива. Во него е прикажано искреното пријателство и љубовта меѓу животните и човекот. Овој прекрасен, авантуристички роман на Рене Гијо е многу возбудлив и необичен. Децата го читаат со големо задоволство и интересирање. Рене Гијо во 1964 година станал носител на Андерсеновата награда за литература. Починал во Париз во 1967 година.