Мени
Вашата кошничка

Антологија на германската драма

Антологија на германската драма
Антологија на германската драма
  • Залиха: Достапен
  • Димензии: 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страници: 246
  • Корица: мек повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-714-7
320.00 ден.
Без ДДВ: 320.00 ден.

Институтот за сценски уметности при Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска филмска,театарска и танцова академија – Скопје заедно со Издавачката куќа “Феникс” го започнуваат научноистражувачкиот проект “Европскиот театар и драматургија во Република Македонија од ослободувањето до денес”. Научно ќе бидат презентирани триесетина национални драматургии, во театарската и издавачката дејност, кои оставиле длабока трага во нашата европска културна меморија. Секоја учебна година ќе бидат презентирани по две драматургии. Годинава тоа се германската и бугарската драма. Проектот “Европскиот театар и драматургија во Република Македонија” се реализира преку симпозиуми, антологиски избори, работилници и нови театарски изведби.

Антологијата на германската драма ги содржи драмските текстови од: Бертолт Брехт, Терезија Валзер, Филип Лоле, Евалд Палметсхофер и Томас Фрајер. Покрај Брехт, кој е водечко име на германската драматургија, застапени се и четири други нови, современи, актуелни и неозаобиколени автори. Овој избор од современото германско драмско творештво изобилува со специфични тематски, стилски, формални тенденции, односно претставува полифонија на поетики на современиот германски драмски израз и исказ. Авторите ги разгледуваат проблемите на манифестациите на различните аспекти на глобализацијата, но и на секојдневниот живот на поединецот. Современата германска драма во поново време доживува процут, т.е. се појавуваат цели генерации драмски писатели кои се занимаваат со најразлични теми, прикажувајќи го и докажувајќи го сензибилитетот на германскиот драмски текст.