- Залиха: Достапен
- Автор: Славица Дабевска Ќировска
- Година на издавање: 2022
- Број на страници: 233
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-854-0
This offer ends in:
Романот „Срна“ ги отсликува навиките, обичаите и тивкиот стил на живеење на едно тетовско семејство, низ призмата на ликот на убавата, црвенокоса девојка Срна. Дејствието започнува од средношколските, гимназиски денови на Срна. Низ описот на професорите во најпознатата и меѓу најстарите гимназии во Македонија – се препознава и согледува школството во раните 60-ти години на минатиот век. Од ликовите на професорите, кои им се идоли на учениците, може да се насети огромното влијание врз бројните генерации.
Матурата е посебен настан, а Срна ја доживува многу емотивно, бидејќи тогаш започнува испишувањето на нејзината иднина. Се остварува сонот таа да студира медицина и тоа носи невидена среќа во нејзиниот дом. Срна со радост заминува во Скопје, каде заспива во еден часот по полноќ со последното писмо добиено од Томе. На 26 јули 1963, крици ја разбудуваат во валми, сива магла...