- Залиха: Достапен
- Автор: Јордан Плевнеш
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2012
- Број на страници: 203
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-613-3
Јордан Плевнеш (роден 1953 во Слојштица, Демирхисарско) е македонски писател со интернационално реноме. Од 1988 година живее и работи во Париз. Неговите драмски и книжевни дела се изведувани и објавувани на сите пет континенти.
Концептот на овој проект, пред се, е своевидно истражување на автентичен театарски исказ во кој е вклучена синтезата помеѓу сликата, зборот, поетиката на гестот, аудитивното, сетилното, ритмичното. Како своевиден есенцијален материјал или алхемиски принцип на продор од чистата мисла која продира во материјата на театарскиот исказ оперирајќи низ уметничкото време низ сите правци.
Се разбира, главна поддршка за промоцијата на еден ваков специфичен театарски говор – има самиот роман на Плевнеш Осмото светско чудо. Роман во кој е извршена специфична декомпресија на уметничкото време и простор – во своевидна постмодерна обратна перспектива (според принципите на Флоренски). Перспективата во која вертикалата на падот е, всушност, своевиден спиритуален метроном на тотално релативизирање на просторот и времето – низ кој екстатично се разматуваат и фокусираат речиси сите цивилизациски кодови. Ваквата литерарна постапка ја иницира театарската фасцинација низ сите можни искази средства – менувајќи ја перспективата, времето, сликата во своевиден тотален театарски говор – низ кои се поставени суштинските принципи на уметничките кодови според своевидната Борхесовска синтеза за сите времиња сместени во краткиот проблесок на театарскиот чин.