- Залиха: Достапен
- Автор: Молиер
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2020
- Број на страници: 114
- Корица: мека
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-781-9
Молиер е роден во Париз во почетокот на 1662 година. По првите успеси, тој е под покровителство на кралот на Франција, Луј XIV, при што пишува пиеси по нарачка на дворот и ги подготвува дворските приредби.„Тартиф“ претставува филозофија на лицемерието и негативното дејство врз човечките стремежи за моралноста и чесноста. Молиер ја создава комедијата „Тартиф“ како разобличување на лицемерната побожност. Со оваа комедија Молиер го осудува лековерието и неодговорноста кои пуштиле длабоки корени во сите сфери на општеството.Тартиф е синоним на измамник. Секоја негова постапка на побожност, скромност и милосрдие, всушност се добро промислен чекор на дволичникот. Во ликот на Тартиф, Молиер претставува тип на еден особено опасен и општествено штетен превртливец, чие разобличување е мошне тешко. Комедијата се претвора во бесмртна творба, демаскирајќи една вечна човечка појава - лицемерноста. Само здравиот разум може да се издигне над прикриениот егоизам и да ги избегне сите замки кои ги носат пороците.Молиер зад себе оставил грандиозно дело, кое без оглед дали е напишано во стих или проза, се разликува и по големата разновидност на формите.