Мени
Вашата кошничка

Александар Македонски

Александар Македонски
-15 %
Александар Македонски
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Жан Расин
  • Димензии: 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2009
  • Број на страници: 98
  • Корица: мек повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-510-5
195.50 ден.
230.00 ден.
Без ДДВ: 195.50 ден.
1 или повеќе 195.50 ден.

Жан Расин (1639-1699), покрај Молиер е еден од најголемите француски драмски писатели во жанрот на трагедијата. Тој живеел во времето на Луј XIV и бил член на Француската академија. Автор е на: Андромаха, Британик, Бајазит Ифигенија, Федра, Аталија, Александар и други дела. Студирал филозофија, каде се дружел и со познатиот баснописец Лафонтен. Триумфирал во обработката на античките теми, за пред крајот на животот да ги обработува библиските теми и да ги римува католичките псалми. Во 1665 година Расин ја напишал драмата во пет чина посветена на Александар Македонски,под наслов Александар Велики (Alexandre le Grand). Во неа се опфатени делови од биографијата на Александар, посебно од времето на неговиот престој во Индија. Оваа драма била поставена на сцена истата година, од театарската група на Молиер. Но Расин не бил задоволен од изведбата, па затоа драмата ја дал на друга театарска група, која била соперник на Молиеровата. Македонците останале овековечени и во творечкиот опус на најпознатиот француски драматург на класичната трагедија – Жан Расин, кој создал поголем број творби со теми од минатото,кои денес се сметаат за ремек – дела на светската литература.