- Залиха: Достапен
- Автор: Доситеј Обрадовиќ
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2009
- Број на страници: 55
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
Своите басни, од кои читателот има во рацете на еден одбран дел, Доситеј Обрадовиќ (1742-1811) ги создавал паралелно со преведувањето и преработувањето на басните на познатите светски баснописци: почнувајќи од славниот баснописец Езоп, па Ла Фонтен, Лесинг... Како што е познато, басните се кратки литературни творби во кои преку примерот на животните се прикажуваат разновидни животни искуства и мудрости на луѓето. А, она по што басните на Доситеј Обрадовиќ се значајни и по што и денеска се од голема вредност, се поуките (наравоученијата) кои тој, толкувајќи ја смислата на басните, ги напишал зад секоја од нив како морални коментари. Доситеј Обрадовиќ бил практичен мислител и народен учител, голем реформатор и народен просветител, кој смело раскрстува со традициите и отвора нови видици. Верувал дека со разум може брзо да се измени минатото и наследството и да се создаде нов поредок и нова култура. Неговиот стил се одликува со необична едноставност и топлина.