Мени
Вашата кошничка

Канционер

Канционер
-15 %
Канционер
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Франческо Петрарка
  • Димензии: 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страници: 85
  • Корица: мек повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-399-6
161.50 ден.
190.00 ден.
Без ДДВ: 161.50 ден.
1 или повеќе 161.50 ден.

Франческо Петрарка е роден во Италија во тосканското предградие Ареца на 20 јуни 1304 година, а умира на 19 јули 1374 година во Аркуа. Најголемата слава ја стекнал со поезија пишувана на италијански народен јазик, а негово најпознато дело е поетската збирка Канционер. Окако во Авињон, на 6 април 1327 година, за првпат ја забележал Лаура, иако веќе оженет, бил понесен од силните чувства и до крајот на својот живот инспирацијата ќе ја наоѓа во оваа платонска љубов. Тие длабоки чувства што Лаура ги будела во него го овозможиле раѓањето на најпознатиот зборник на љубовна поезија – Канционер. Петрарка во неговото време прв го воведува мотивот на жената која предизвикува копнеж за љубов со нејзината недостижна убавина, во сите нејзини аспекти, со убавината со која е се проткаено, со љубовта која на се му дава смисла. Лаура е новиот тип на вечна Мадона, а со овој тип на пеење започнува новото доба на поезијата, од која ќе произлезе плејада поети, како што се: Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Марин Држиќ и други. Сонетот станува омилена поетска форма која ќе доминира повеќе од два века и повторно ќе биде оживеана со појавата на романтизмот. Други дела на Петрарка се: Потомство, Пријателски писма, Мојата тајна, Африка и За најславните луѓе. Повеќето негови дела се со автобиографски карактер, а се издвојувале од другите хуманисти според нагласената поетска индивидуалност, обземеноста со себеси, анализите на својата душа и вештината на комуникација со своето време и современиците.