- Залиха: Достапен
- Автор: Жорж Санд
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2005
- Број на страници: 163
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 9989-33-172-3
Жорж Санд (1804-1876), чие вистински име било Орора Дипен, е родена во Париз. Под името Жорд Санд станува позната по своите многубројни книжевни дела: романи, драми, спомени, преписки, книжевни и политички текстови. По 1848 година, Жорж Санд е длабоко потресена од револуционерните настани и разочарана поради неуспехот во борбата го напушта Париз и бара утеха во опишувањето на природата која таа уште како дете ја засакала. И во претходните нејзини дела биле забележани описите на природата на својот крај, а во романот “Малечката Фадета” се слика на идиличен начин селскиот живот. Селаните се разубавени, но сепак тоа се живи и природни луѓе. Селскиот живот не е даден реалистично, во суровата борба на селаните за гола егзистенција и парче леб, туку е идеализирана сликата на стварноста во која има уметнички вообличени ликови. Жорж Санд умее живописно да ги долови ликовите на луѓето, а посебно на жените. Таа е и добар психолог. Нејзините личности, посебно девојките и покрај идеализирањето, излегуваат од вообичаените рамки на просечното и имаат сложени и фини, духовито воочени и несекојдневни црти.