Мени
Вашата кошничка

Адуа

Адуа
Адуа
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Игиаба Шего
  • Димензии: 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2023
  • Број на страници: 191
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-866-3
400.00 ден.
Без ДДВ: 400.00 ден.

Адуа е девојка која ја напушта Сомалија во 1970-тите години за да се ослободи од железните стеги на угнетувачкиот режим и нејзиниот строг татко, но и за да го оствари својот актерски сон. Преселбата во Италија претставува авантура, нов свет и копнеж по нови можности. Нејзиниот сон се претвора во кошмар од самиот почеток, кога брачна двојка продуценти ја земаат под своја закрила и ја користат за изопачени приватни и деловни задоволства... 
Кога граѓанската војна во Сомалија завршува, нејзината татковина ја повикува. Нејзиниот татко, кој работел како преведувач за фашистичкиот режим на Мусолини умира и Адуа го наследува семејниот дом. Сепак, Адуа има сопруг на кој му е потребна, тој е млад човек, исто така имигрант, кој храбро го премина Средоземното Море. Тогаш таа мора да одлучи дали ќе отпатува назад во татковината за да го врати своето материјално наследство и таму да ја гради својата иднина.
Романот „Адуа“ е посветен на сите раселени и претставува сведоштво за времето, просторот и идентитетот – на сите учители на овој (сè уште) неправеден, несовршен и крут свет.

„Луциден и искрен роман што ја испитува врската помеѓу последиците од италијанската колонизација, нестабилноста на Сомалија во 1970-тите години и актуелната бегалска криза во Европа. Информативно четиво наменето за широк круг на читатели“.
– Library Journal (Starred Review)