- Залиха: Достапен
- Автор: Џовани Бокачо
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2009
- Број на страници: 279
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-434-4
Џовани Бокачо (1313-1375) е италијански писател од времето на ренесансата. Неговите дела се: Филострато, Филоколо, Тесеида, Елегија на госпоѓата Фијамета, Декамерон, Коментар на Божествената комедија, Животот на Данте и др. Зборот Декамерон значи “книга на десет дена”, а е наслов на збирката од стотина новели со различна содржина, поделени на десет дена, а поврзани во единствена целина со рамковната приказна која зборува за чумата во Фиренца која го зафатила тој град во 1348 година. Седум девојки и тројца младичи бегаат од градот заразен од чума на еден имот во блиската околина. За да го скратат времето, одлучиле да раскажуваат приказни и тоа така што секој од нив во одреден ден да биде крал или кралица кој ќе одредува темата на приказните, а секој во тој ден да раскажува приказна на зададената тема. Раскажувачкото мајсторство на Бокачо се гледа во поттикнувањето на читателот на активен, соработнички однос кон пораките на новелите: необичните ликови, неочекуваните заплети и расплети, како и појавата на две поенти, кои меѓусебно се сосема спротивни, го наведуваат читателот и самиот да се впушти во размислување и вреднување на темите и проблемите за кои зборуваат новелите во Декамерон.