- Залиха: Достапен
- Автор: Нов Завет
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2004
- Број на страници: 209
- Корица: мека
- Јазик: македонски
- ISBN: 9989-33-061-1
Библиските текстови се свети списи чија што содржина, па и распоред, повеќе не смеат да се менуваат. Еврејската Библија, која христијаните ја нарекуваат уште и Стар завет, канонизирана е околу 90- тата година од н.е. Нејзините најстари текстови се составени уште во десеттиот и единаесеттиот век пред н.е., а најновиот спис во таа Библија е напишан околу 150 г. Пред н.е., што значи дека оваа библиска колекција на текстови е создавана речиси цел еден милениум! Новиот завет е збирка на христијански документи. За разлика од текстовите кои влегле во составот на еврејската Библија, новозаветните книги сведочат за многу помал временски јаз помеѓу опишаните настани и писмените извештаи за нив. Настаните изложени во евангелијата се случиле главно околу 30- тата година, а првото пишувано евангелие е создадено веќе околу седумдесеттата. Евангелијата по Матеј, Марко и Лука ги подготвиле анонимни автори од втората и третата христијанска генерација, иако тие текстови традиционално се припишани на самите апостоли или нивните соработници. Спротивно од традицијата, која Матеј го става на прво место, најстарото новозаветно евангелие е Марковото, напишано околу 70- тата година. Матеј и Лука пишувале помеѓу 70- тата и 100- тата година, а последното канонско евангелие, списот под името на апостолот Јован е создаден кон крајот на првиот и почетокот на вториот век.