Мени
Вашата кошничка

Пакет КАНАДА

Пакет КАНАДА
Пакет КАНАДА
549.00 ден.
Без ДДВ: 549.00 ден.

Уникатна можност да ја збогатите вашата библиотека со 4 моќни и неповторливи романи од канадски автори!

Пет мали Индијанци – Мишел Гуд

Со многу сочувство и проникливост, оваа книга ја прикажува неизвесната потрага на петте Индијанци да го пронајдат своето место во светот. Добитник на престижната „Гувернерова награда“ за книжевна фикција во 2020 година!

Берлин – Мајкл Мирола

Паѓа Берлинскиот ѕид. Во психијатриската клиника во Монтреал, пациент се буди од двегодишната зашеметеност и започнува надреална авантура каде минатото и иднината се преплетуваат, а смртта станува алатка за трансформација на светот.

Астра – Сидар Бауерс

Роман што истражува идентитети, избори и животните патеки што нè обликуваат. Суров, убав и длабоко емотивен, ова е книга што ќе ве натера да размислувате за многуте „јас“ што сите ги носиме.

Индијански коњ – Ричард Вагамис

Саул Индијански Коњ расте во дивината, но трагедиите го носат во интернат, каде што открива дека хокејот е неговиот спас. Но дали талентот е доволен да го победи расизмот и суровата реалност на светот околу него? Приказна што ќе ве погоди во срце!