- Залиха: Достапен
- Автор: Франц Кафка
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2023
- Број на страници: 265
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-487-0
Франц Кафка (1883-1924) е едно од најзначајните имиња на современата светска литература и современиот роман. За тоа сведочат фактите што сите најпознати современи романсиери се повикуваат токму на делото на Кафка како на почеток и извор на модерната раскажувачка проза. Романот Процес е еден од трите романи на Кафка кој е објавен постхумано во 1927 година од страна на неговиот пријател Макс Брод. Со анализа на делото може да се заклучи дека станува збор за роман со иреална фабула, која сугерира одредена алегоричност. Главниот лик во романот, Јозеф К., кој е обвинет и против кого се води судски процес, е всушност авторовото “второ јас”. Овој роман, стилски и структурно е едноставен, во суштина слоевит и недоловлив тек на отворени прашања чие решавање бара силно емотивно и мисловно ангажирање на секој читател.