- Залиха: Достапен
- Автор: Ѓорѓи Прчков
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2005
- Број на страници: 82
- Корица: мека
- Јазик: македонски
- ISBN: 9989-33-141-3
This offer ends in:
Ѓорѓи Прчков роден е во Битола 1942 година во занаетчиско семејство. Живее и работи како наставник по македонски јазик во родното место. Подеднакво пишува за деца, млади и возрасни. Автор е на делата: “Велосипедисти”, “Чистотник”, “Рудата”, “Живот на тркала”, “Лелчо”, “Словенските првоучители”, “Ластарче и Цуки”, “Големиот учител”, “Трите скапоцени камчиња”, “Топката што многу знае”, “Математичар”, “Како расте Славчо”, “Огнови”, “Марширања” – тетралогија, “Жед во срцето”, “Битолски подробности”, “Рѓосани и поразени”, “Жими крст и кандило”, “Џек”, “Сорти” и “Верушка”.Член е на редакцијата во составувањето на антологијата “Битолски писатели”. Награди: Наградата “4 Ноември”, книгата “Ластарче и Цуки” ја освои втората награда на конкурсот на Издавачката куќа “Детска радост” од Скопје, наградувани и откупувани му се повеќе раскази во “Нова Македонија” и “Студентски збор”, како и на конкурсите на “Курирче”. За книгата “Штурчо” ја освои втората награда на Конкурсот на Издавачката куќа “Феникс” од Скопје за најдобра книга за деца и млади.