Мени
Вашата кошничка

Писма до младиот поет

Писма до младиот поет
-15 %
Писма до младиот поет
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Рајнер Марија Рилке
  • Димензии: 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2004
  • Број на страници: 53
  • Корица: мек повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 9989-33-063-8
127.50 ден.
150.00 ден.
Без ДДВ: 127.50 ден.
1 или повеќе 127.50 ден.

Десетте писма упатени на Франц Ксавер Капус се само дел од Рилкеовото преиспитување на делото кое го создава, патот по кој се упатил и судбината кон која се приклонил. Тие писма не биле наменети за објавување, а денес се славно четиво познато како “Писма до младиот поет”. Не се тоа совети до младиот поет, иако делумно таков впечаток се добива. Целта на овие писма не е да пренесат некакво искуство на другите, туку, во форма на преписка, како пред  поетски полет, Рилке уште еднаш го преживува сопственото искуство на поет, да се  провери самиот себеси дали можел поинаку, дали било неизбежно, дали можеби било предодредено да тргне по поетскиот пат. Рилке само навидум му се обраќа на Франц Ксавер Капус, млад човек занесен со тајната, а не со вистината на поезијата, а во суштина цело време зборува со себе, се бори со двоумењата и бара одговор на она што во него претставува загатка во поетската работа. Затоа, овие писма, богати во вештите забележувања за животот и уметноста, претставуваат нацрт за поезијата на Рајнер Марија Рилке. Овие писма се зраци на онаа светлина која зрачела од поетовата природа во оние мигови на починка меѓу аскетските концентрирања, неопходни за мисловната поезија, а посебно за Рилкеовото сфаќање на поезијата како пат на самоспознавање.