- Залиха: Достапен
- Автор: Димитар Солев
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2010
- Број на страници: 182
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-526-6
Димитар Солев (1930-2003) е еден од најзначајните современи писатели. Тој е раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист, книжевен критичар и преведувач. Автор е на делата: “Окопнети снегови” (раскази, 1956), “Под усвитеност” (роман, 1957), “Кратката пролет на Моно Самоников” (роман, 1964), “Зима на слободата” (раскази, 1968), “Слово за Игора” (раскази, 1969), “Кво вадис скриптор” (есеи, 1970), “Зора зад аголот” (роман, 1988), “Одумирање на државата” (раскази, 1990), “Промената на системот” (раскази, 1993), “Мртва трка” (роман, 1998), “Синовски татковци” (раскази, 2006, постхумано објавена книга) и други дела. Добитник е на наградите: “11 Октомври”, “13 Ноември”, “Рациново признание” и други. “Зора зад аголот” (1984), е носталгично – лирска книга за градот во која одново се оживува урбаната тема. Во романот поминуваат околу триесет човечки судбини; секоја од нив поседува определена индивидуалност, но истовремено сите тие се доста типични. Авторот се свртува кон современата епоха и своето дело го “населува” со обични херои претставени во секојдневни, но колоритни животни ситуации. Во овој роман е воочливо широкото култивирање на живите врски на човекот со неговото опружување: со микросредината од специфичен агол, со видлив стремеж на писателот да ги открие универзалните принципи на човековата реалност во длабочините на обичниот живот и на прозаичното секојдневие.