- Залиха: Достапен
- Автор: Чарлс Дикенс
- Димензии: 14.80cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2010
- Број на страници: 151
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-534-1
This offer ends in:
Англискиот писател Чарлс Дикенс (1812-1870) е еден од најпознатите романсиери во светот. Тој е вешт писател и верен сликар на темната страна на животот во англиското општество околу средината на деветнаесеттиот век и критичар на неговите недостатоци. Негови дела се: “Оливер Твист“, “Давид Коперфилд“, “Николас Килби“, “Стара продавница на реткости“, “Големото очекување“, “Божиќна приказна“. Во романот “Оливер Твист“ , Чарлс Дикенс го опишува тешкиот и трагичен живот на децата од домовите за бездомници и сираци, меѓу кои е и малиот Оливер. Преку описот на животот на децата сираци во ова училиште, авторот ги критикува “законите за бездомните“ што владата ги донела за да им го олесни опстанокот на децата без родителска грижа и без семејна топлина, сиромашните и напуштените,опишувајќи го нечовечното искористување на детскиот труд, страотните казни, гладувањето, лошите услови на живеење, воопшто, понижувањата што оставаат трајни лузни во нежната детска душа. Страдањата и несреќите не го исплашиле малиот Оливер Твист, туку го потикнале да се впушти во борба и барање на подобар пат во животот.