- Залиха: Достапен
- Автор: Ог Мандино
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2011
- Број на страници: 163
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 9989-33-164-2
“Уште еднаш Бог прошепотел нешто прекрасно во увото на Ог Мандино – тоа нешто прекрасно е Дванаесеттиот Ангел.” – Лери Гетлин
Сместена во срцето на Њу Ингланд, гордата заедница на Боланд, во Њу Хемпшир, го слави враќањето на еден од нивните. Џон Хардинг имаше се: високо платена работа, прекрасна сопруга и убав седумгодишен син. Тогаш, низ трагичниот пресврт на судбината, животот на Џон се урнува до најдлабок очај. Неговата жена и син умираат во сообраќајна несреќа. Џон се повлекува во тоа што останало од неговиот живот, тетеравејќи се на работ на самоубиството.
Но, наскоро се појавува светлина: стар пријател на Џон стапнува на неговиот праг со утешителни зборови и со молба. Тој сака Џон да го раководи неговиот стар тим од малата лига, Ангелите. Џон неволно прифаќа. За време на пробите тој запознава едно осамено момче, Тимоти Нобл.
Ова момче кај Џон буди вчудоневидувачка сличност со неговиот син – и низ ова невообичаено пријателство Џон ја наоѓа мудроста во животот, за кој тој мислеше дека му се испуштил од неговиот допир засекогаш...
“Многу посебна приказна за животот, љубовта и храброста...Дванаесеттиот Ангел на Ог Мандино ми пушти солзи по моите образи.” – Мерлин Олсен