- Залиха: Достапен
- Автор: Андре Мишел
- Димензии: 12.00cm x 21.00cm
- Година на издавање: 2014
- Број на страници: 153
- Корица: мека
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-655-3
This offer ends in:
Студијата ,,Феминизам (што јас знам)’’ од Андре Мишел, претставува исклучително дело од областа на женските права и активизмот за човековите права; родовите студии; социологијата; правото и филозофијата. Оваа ,,мини Библија’’ за феминизмот и женскиот активизам е хронолошко проследување на состојбите и дијахрониско истражување на општествените процеси и човековата нерамноправност помеѓу половите, почнувајќи од палеолитот и примитивните општествени структури, па сè до денешното постиндустриско општество (во Франција, Англија, Германија, Русија...). Угнетувањето на жените започнало пред речиси десет илјади години, во палеолитот, со поделбата на улогите во трудот: мажите се ловци и освојувачи, а жените одгледувале плодови и деца. Во неолитот, ваквата поделба се заострува со замената на плугот (жената) со мотиката (мажот). Преку воспоставувањето на нерамноправната дистрибуција на моќта и стереотипизацијата на родовите улоги, денес современите општества се одржуваат врз истите модалитети: претераната експанзија на машката моќ, профитот, акумулацијата на капиталот и слично. Жените, и денес, се потопени од водите на патријархатот што има за цел да ја оправда и одржи инструменталистичката концепција на жената како ,,размножувач’’ и ,,резервна – секундарна работна сила’’.Од студијата Феминизам (што јас знам), може да се научи безмалку СÈ: за општествените системи и општествената хиерархија; кога се првите женски движења; кога жените се стекнуваат со правото на глас; кога и како жените се вклучуваат во формалниот и неформалниот образовен процес и формираат организации и списанија; кои се најзначајните женски манифести и кои се најважните жени во историјата на човештвото од минатото до денес.