Мени
Вашата кошничка

Некропола

Некропола
-51 %
Некропола
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Борис Пахор
  • Димензии: 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2014
  • Број на страници: 179
  • Корица: мек повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-658-4
This offer ends in:
Дена
Часа
Мин.
Сек.
99.00 ден.
200.00 ден.
Без ДДВ: 99.00 ден.

Борис Пахор е еден од најголемите словенечки писатели, кандидиран за Нобелова награда за литература. Роден е на 26 август 1913 год., во Трст. По основното училиште ја посетувал Католичката семинарија во Копар. Во 1920 год. Бил сведок на палењето на Словенечкиот народен дом во Трст, извршен од страна на фашистите, како и на други злосторства над словенечкото население кое живееле во Италија. Во текот на Втората светска војна, по падот на Мусолини и на германската окупација на провинцијата Трст, илегално соработувал со ослободителното движење. Последната година од војната ја поминал во концентрациони логори (Нацвајлер – Штрутхоф, Дахау, Дора, Харцунген и Берген – Белсен). По војната се залагал за словенечка демократска држава и бил основач и уредник на списанието “Залив”. Автор е на повеќе од педесетина книжевни дела: романи, раскази, документарна проза, мемоари, дневници, есеистички книги, книги за деца. Славата ја достигна со романот “Некропола”, кој е преведен на безброј јазици. Познат е по својот критички став кон фашизмот, нацизмот и комунизмот, а во своите дела го обработува ужасот на концентрационите логори, како и тематиката на словенечкото малцинство во Италија. Во 1992 година ја доби најголемата словенечка награда за животно дело “Прешерн”, а потоа следуваа и други светски награди. Во 2013 год. На повеќе свечености беше одбележан неговиот 100- ти роденден, меѓу другото и со добивање на титулата “државјанин на Европа”. Се уште витален и луциден, Борис Пахор продолжува да ги воодушевува читателите низ целиот свет. Романот “Некропола”, кој се занимава со неговото искуство на заробеник во повеќе концентрациони логори, е негово прво дело преведено на македонски јазик. кој се занимава со неговото искуство на заробеник во повеќе концентрациони логори, е негово прво дело преведено на македонски јазик.