Рене Гијо (1900-1967) е истакнат француски писател роден во Дакар (Африка), каде што до Втората светска војна живеел и работел како професор по математика. Тој е познат по своите авантуристички романи за деца не само во француската, туку и во светската литература. Неговиот опус содржи педесетина ром..
Мато Ловрак е хрватски писател, роден 1899 година во близина на Бјеловар и Загреб каде што завршил учителска школа. За книжевниот пат на Мато Ловрак била пресудна неговата љубов кон селото и децата. Бил учител во многу села ширум Хрватска. Добро го запознал животот на селаните и нивните деца, кои ги..
Генералот на мртвата војска е најпознатиот роман на Исмаил Кадаре. Во него раскажува за некои настани околу една италијанска делегација на чело со еден генерал кој доаѓа во Албанија да ги откопува коските на загинатите негови војници во Втората светска војна. Преку, едно психолошко раскажување и низ..
Во творечкиот опус на нобеловецот Иво Андриќ (1892-1975), збирката раскази “Деца” зазема сосема рамноправно место меѓу останатите негови книги, како што се: “Мостот на Дрина”, “Травничка хроника”, “Госпоѓица”, новелата “Проклета авлија”. Збирката раскази “Деца” е составена од тринаесет раскази. Тие ..
Стремежите на еден народ со сопствена борба и жртви да ги изборат своите национални и социјални права и слободи се овековечени во епските народни песни. Покрај високите естетски вредности, тие низ конкретно бележење на историските времиња, настани и личности создаваат една своевидна, неповторлива ис..
Изборот Македонски поетски бисери опфаќа осум бардови на македонската литература и тоа: Блаже Конески, Кочо Рацин, Константин Миладинов, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Анте Поповски, Јован Котески и Петре М. Андреевски. Сите тие се застапени со по три песни и тоа: Конески со “Ракувања”, “Тешкото” и “Ве..
Англискиот писател Чарлс Дикенс (1812-1870) е еден од најпознатите романсиери во светот. Тој е вешт писател и верен сликар на темната страна на животот во англиското општество околу средината на деветнаесеттиот век и критичар на неговите недостатоци. Негови дела се: “Оливер Твист“, “Давид Коперфилд“..
Шведската писателка Селма Лагерлеф (1858-1940) е автор на романите: “Чудото на антихрист”, “Легендата за еден господски имот”, “Парите на господинот Арнс”, “Легендите за Христос”, “Домот Лелјекруна”,” Кралот на Португалија”,” Ана Сверд”,” Дом и град”, книгата со новели “Лудото дете” и други. Народно..
Никола Хајтов припаѓа на редот на најзначајните бугарски писатели. Неговите најпознати прозни збирки се: Диви раскази, Соперници, Искри од огништето, Шумски приказни и Грабово лисје. Неговите раскази, главно се занимаваат со: шумата,планината и природата. Авторот располага со вонредно чувство за оби..
Доналд Бисет е роден на 30 август 1910 година во Лондон. работел како артист на радио, телевизија и во театар. Покрај актерството Бисет е плоден автор, а негови најпознати дела се: „Разговори со еден тигар“, „Јак и морската школка“, „Јак и закопаното богатство“, „Јак и сладоледот“, „Загубениот роден..
Миоко Мацутани во оваа уметничка бајка “Таро од земјата на планините”, е како главен мотив го зема детето-јунак, присутно и во одделни наши приказни и епски песни. Детето Таро е надарено со натприродни својства и сили, кои му овозможуваат да стане рамен противник на различни чудовишта. Оваа бајка е ..
Гледам момчиња, дека сте учеле, но нешто не сте при себе. Расеани сте, мислите ви лутаат, ви бегаат... Знам јас убаво што е тоа - улави години. –Господине, професоре, што се тоа улави години? – Кажувајте ни професоре! –Деца, па вие сте сега во улавите години – добродушно рече старецот. –Тоа се трина..