- Залиха: Достапен
- Автор: Хемин Суним
- Година на издавање: 2021
- Број на страници: 222
- Корица: тврд повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-820-5
This offer ends in:
Како да бидете спокојни и мудри во забрзаниот свет
Бестселер продаден во повеќе од 3 милиони примероци
„Дали светот е толку забрзан или
сето тоа е во мојата глава?“
Едноставните и искрени пораки на оваа прекрасна и илустрирана книга допреа до срцата на милиони читатели ширум светот и им го разубавија животот.
Постојано сте зафатени и чувствувате дека никогаш немате време? Ве мачат неубави мисли и не ви даваат мир? Се чувствувате разочарано или несигурно? Забавете, барем за момент.
Што слушате? Што чувствувате?
Мудрите совети од оваа книга ќе ви помогнат да сфатите дека веќе живеете прекрасен живот – само треба да го прегрнете и да ја проживеете
сета негова убавина.
Зборовите на авторот ви се упатени токму вам, па прифатете ги и запомнете ги еден по еден, за да останат со вас кога ќе ви биде тешко и да ве потсетат дека не сте сами.
„Универзални вистини, прекрасно искажани...
Книга за времето во кое живееме.“
професор Марк Вилијамс,
автор на бестселерот Mindfulness