- Залиха: Достапен
- Автор: Мирче Нешовски
- Година на издавање: 2020
- Број на страници: 173
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-608-4799-18-4
Со овој прозен запис авторот на специфичен начин нè втурнува во читањето на необични страници во магичниот неореализам за херменевтските прашања, кои суштествуваат во секое живо суштество. Темите и мотивите за основата и постулатот на неговото физичко егзистирање во сиот бескраен космос, како основа за постанокот и опстанокот во светската цивилизација, низ сите векови, во сферите на светската екумена.
Или, сево ова е Шекспировски предизвик „да се биде или не – прашање е сега!?“, односно на Његошевскиот антипод „да биде тоа – што не може да биде...“, т.е. врз дискурсот на патот на духот низ битието како космогониско откровение и озарение на творечкиот трансмисионен простор за влез во длабоките рефлексивни структури на романот, како што истакнува авторот.
проф. д-р Христо Петрески