- Залиха: Достапен
- Автор: Оноре де Балзак
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2009
- Број на страници: 303
- Корица: мека
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-461-0
Оноре де Балзак (1799-1850) е еден од најпознатите француски романописци, раскажувачи и драматичари во периодот на реализмот. Балзак со упорна и исцрпувачка книжевна работа трошејќи огромна творечка и човечка енергија, го остварувал својот сон, а тој бил – приказ на целосната слика на француското општество во своето време. За Балзак многумина истакнале дека е гениј, а тој самиот рекол: “Генијот е всушност оној којшто во секое време може да ги претвори своите мисли во дела”. Балзак сите свои романи ги поврзал и обединил во целина, како цел живот да пишувал една книга. Главна личност во романот Шагринска кожа е Рафаел. Без средства за живот и без ни трошка оптимизам – тој одлучува да изврши самоубиство. Но, токму вечерта кога има намера да се фрли во реката Сена, кај еден трговец со стари предмети пронаоѓа шагринска кожа. Кожата има чудесна моќ – му ги исполнува желбите на оној што ја поседува, но по исполнувањето на секоја желба таа се намалува и во оној момент кога кожата ќе исчезне – ќе заврши и животот на Рафаел.