
- Залиха: Достапен
- Автор: Комплет книги
- Година на издавање: 2025
ДРУГИ ИЗДАНИЈА ОД ОВОЈ АВТОР
4 книги за правилен говор, учење низ игра и креативен развој!
Создадени од стручни автори, овие изданија се совршен избор за родители, воспитувачи и наставници кои сакаат да им помогнат на децата да учат со радост и љубопитност.
1.Чекор по чекор до правилен говор – логопедска вежбанка
Книгата нуди 24 дидактички вежби кои им помагаат на најмалите да го оформуваат и збогатуваат својот говор и речник. Преку игра, боење, визуелни асоцијации и едноставни реченици, децата ги учат основните поими за телото, семејството, боите, спротивностите, годишните времиња и светот околу нив.
2. 101 Гатанка – креативна книга за боење и читање
Собрани се сто и една гатанка за поука и забава, придружени со илустрации, налепници и активности. Детето учи да размислува логички, да поврзува и да ја развива својата имагинација, додека воедно се забавува со боење и игра.
3. Како до правилно, брзо и лесно учење низ игра – водич за родители, воспитувачи и наставници
Книгата нуди десет практични правила за полесно учење: од позитивен став за способностите на детето, до внимание при учењето, асоцијации, визуелизација и боење. Содржи и совети за улогата на родителите, јазичните способности и патот до успехот преку самопомош и почитување.
4. Учам да бројам! – поврзи, откриј и бои!
Целта е децата да научат да ги препознаваат броевите од 1 до 10 преку поврзување точки, откривање скриени слики, лепење самолепливи сликички и боење. На овој начин бројките стануваат игра, а учењето – забава.
Со овој пакет, децата ќе го развиваат говорот, ќе ги зајакнуваат когнитивните способности, ќе ја тренираат концентрацијата и ќе го збогатуваат своето знаење преку активности кои се забавни и едукативни.
Специјална цена: 490 денари за сите 4 книги!








