- Залиха: Достапен
- Димензии: 13.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2020
- Број на страници: 104
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-787-1
This offer ends in:
Ракописот од Зафир Хаџиманов под наслов „Силјан“ е, всушност, извонреден синопсис за стрип, но и за игран филм.
Сценариото е напишано во септември 1992 година во Скопје, а уште на самиот почеток од сценариото авторот вели: „Приказнава се случува во некое - којзнае кое време, на некое - којзнае кое место“.
Како во сон се редат и нижат една по друга новите сцени и премрежиња во сценариото на Зафир Хаџиманов за легендарниот, обнародениот, фантастичниот лик Силјан Штркот.
И, така, сè до последната сцена се ројат и бројат сцените од едно сериозно, постапно и прегледно сценарио, кое по публикувањето сигурно ќе биде и послужи како подлошка за стрип или игран филм, кој повторно на еден нов и оригинален начин ќе ја оживее повеста и сагата за македонскиот фантастичен и универзален лик Силјан Штркот, со неверојатна, космополитска, па би рекле дури и планетарна траекторија и судбина.
Силјан Штркот е светски лик, изнедрен на нашиве простори и од нашиот автор-запишувач и собирач Марко Цепенков, а сега еве веќе облагороден и надграден и од Зафир Хаџиманов.
Со особена чест и задоволство сметам дека треба да се поддржи овој редок, уникатен и траен ракопис, за негово понатамошно транспонирање во стрип, филм или друга уметничка рожба и творба.
проф. д-р Христо Петрески