- Залиха: Достапен
- Автор: Калил Џибран
- Димензии: 12.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2003
- Број на страници: 102
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
This offer ends in:
Во новелата Скршени крилја, Џибран говори за својата прва љубов што ја доживеал уште додека учел во Бејрут. Повеќе од четириесет години оваа новела е арапски бестселер. За неа самиот Џибран мислел дека е најдоброто што било кога го напишал. Со лирски тон Џибран говори за љубовта како свето и неповторливо чувство што подеднакво ни дарува небеска радост и неподнослива болка. Љубовта е за него платонска, романтична и спиритуална. Љубовта рационално не се доловува. Таа со срце се чувствува и срцето има своја логика (la logique de coeur). Разумот не може да ја осознае логиката на емоциите, логиката на посебната апстракција. Приказната е автобиографска. Таа говори за првата Џибранова романса со девојката со име Хала Дахер, која со желбата а надбискупот се мажи за неговиот внук, неодговорен и невработен чичко, му било дојдено до богатството на Дахерови. Меѓутоа, на хероината во книгата името и е Салма Карама и дејствието наместо во Бшара, каде Џибрановите биографи тврдат дека се случувала неговата романса, сместено е во Бејрут. Ова поетичко дело, што говори за љубовта, слатка и горчлива, радосна и тажна, говори всушност за невидливата сила што управува со светот. Љубовта е силна како смртта. Менува, но останува непроменета.