- Залиха: Достапен
- Автор: Соња Прус
- Година на издавање: 2023
- Број на страници: 90
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-608-4911-06-7
This offer ends in:
Народното творештво на секој народ е разновидно и богато. Во него спаѓаат и умотворбите, односно народните поговорки и изразите што се вкоренети во јазикот и традицијата и се пренесуваат од колено на колено, од генерација на генерација.
Поговорките, или зборовите на нашите предци, се мудрост што тие со векови и векови наназад ја сумблимирале од нивното искуство... Колку ли само умешност им била потребна за само со неколку збора да изразат длабока вистина, универзална мудрост што важи за сите луѓе на светот. Сета нивна вистина, сета нивна мудрост се вткајувала и се вткајува во еден јазик во вид на поговорки и мисли-крилатици и со времето тие стануваат и душата на тој јазик.
Покрај македонскиот, богат со вакви поговорки и изрази е и турскиот јазик и се чини дека Турците имаат изрека за секоја пригода. Овие поговорки и изрази служат како потпирачи во секој разговор, обезбедувајќи практичен и автоматски почетокот и крај на секој разговор. Токму поговорките и изразите се тие што служат како социјален „лепак“, што значи дека никогаш нема да најдете некој жител на Турција што останал без зборови, дури и во повеќето неочекувани околности.
Соња Прус