- Залиха: Достапен
- Автор: Херман Хесе
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2009
- Број на страници: 154
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-489-4
Херман Хесе (1877-1962) своето исклучително книжевно дело го исполнил со хуманизам,барање одговор на темелните прашања за човековото постоење и истражувањето на длабочината на човечката душа. Испишувајќи бројни врвни страници, секогаш искажувал цврста верба во човековата благородност и духовна сила. Со своите идеи силно влијаел на модерната европска читателска публика и на книжевноста на нашето време. Пресудно влијание на неговото творештво има престојот во Индија. Сензибилно реагира на настаните и духовната клима за време на Првата светска војна, а своите тешки внатрешни преживувања на насилството и страдањето ги искажува во романите “Демијан” (1919) и “Сидарта” (1922). Други негови романи се: “Степски волк” (1927), “Нарцис и златоуст” (1930) и “Игра со стаклените бисери” (1943). Во 1946 година добитник е на Нобеловата награда за книжевност.