- Залиха: Достапен
- Автор: Херман Хесе
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2008
- Број на страници: 128
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-338-5
Преубавиот син Сидарта незадоволен од духовната исполнетост што му ја пружа традиционалната вера тргнува по патот за потрага на крајната вистина и конечното просветлување, не отстапувајќи од својата животна цел и автентичноста ни по која цена. Сидарта се откажува од благодетите на богатиот живот, доживува метаморфози во повеќе стадиуми, започнувајќи како самовљубен и нарцисоиден говорник горд на своите зборови и своето знаење. Окружен со љубовта на своето богато семејство, Сидарта се посветува на учењето, на читањето книги, за подоцна да го напушти домот и да им се препушти на лутањето и страдањето, деноноќно гладувајќи и патувајќи. На тој пат дознава за Буда и тргнува да го бара, но набрзо сфаќа дека му треба лично искуство, а не само учење од други. Подоцна станува љубовник, човек што си поигрува величенствено и надмоќно, за на крајот да се врати на брегот од реката и да го слуша само нејзиниот жубор…
Херман Хесе во 1946 година го добива највисокото светско признание Нобеловата награда за литература, а во шеесеттите години на минатиот век, станува еден од најчитаните и најпреведуваните европски писатели во последните сто години. Хесе е граѓанин на светот и визионер на иднината. Тој пишува едноставно и вдахновено, искрено и поетично. Лесно и брзо ги освојува читателите со својата непосредност и вистинитост, со магичниот призвук на своите реченици и мудрите пораки со огромно животно искуство. Современиот читател во делата на Хесе наоѓа потврда на своите идеали и стремежи, кога чувствува потреба за радикално менување на своите идеали, својата личност и својот начин на живот.