- Залиха: Достапен
- Автор: Жил Верн
- Димензии: 14.80cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2014
- Број на страници: 250
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-546-4
Жил Верн (1828-1905) е голем француски писател препознатлив по своите научнофантастични и авантуристички романи. Неговата фантазија ја окупураат научните откритија, далечните земји, храбрите пловидби, истражувачките подвизи и сето она што е непознато. Во своите дела, кои во тоа време наликувале на чиста утопија, тој предвидел многу работи што современата наука успеа да ги оствари дури во наше време. Создаде нов жанр на проза и се здоби со милиони читатели. Научните откритија од негово време, втората половина на XIX век, се осознавале со голема страст и нетрпение и биле вистински предизвик за него. Маѓепсан од науката, Верн ја следел, ја проучувал до детали и ја внесувал во своите дела, опишувајќи ја нејзината голема моќ. Негови најпознати дела се: “20. 000 милји под морето”, “Децата на капетанот Грант”, “Пат околу светот за 80 дена”, “Пат на месечината”, “Патување во центарот на земјата”, “Авантурите на капетан Хатерас” и многу други.