- Залиха: Достапен
- Автор: Ерих Кестнер
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2008
- Број на страници: 134
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-393-4
Ерих Кестнер (1899-1974) е германски писател и автор на повеќе прозни и поетски дела, од кои повеќето му се наменети за помладите читатели. Неговото творештво се карактеризира со хумор и сатира, меланхолија и сарказам, и во него тој говори за актуелните општествени проблеми. Негови позначајни дела за помладите читатели се романите: Емил и детективите, Летечкиот клас, Двојната Лота, Емил и тројцата близнаци, Малиот човек, како и романот Фабијан за возрасни. Посебно е значаен неговиот роман Животинска конференција, пишуван врз моделот на прочуената Животинска фарма од Џорџ Орвел.Двојната Лота е необична приказна за две сестри - близначки, која лесно и со задоволство се чита и носи бројни возбудувања. Двата главни лика во книгата се двете девојчиња Лота и Луиза. Тие првпат се запознаваат за време на распустот. Лота Кернер е девојче од Минхен, а Луиза Палфи од Виена. Двете девојчиња во изгледот се многу слични една на друга. Но таа сличност не е случајна. Ниту на сон тие би помислиле дека се сестри - близначки...