- Залиха: Достапен
- Автор: Џон Роналд Рејл Толкин
- Димензии: 14.80cm x 21.00cm
- Година на издавање: 2007
- Број на страници: 278
- Корица: мека
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-316-3
„Во една дупка во земјата си живееше еден хобит. Не беше тоа грда, нечиста, влажна дупка, полна со остатоци од црви и мирис на застојан воздух, а сепак не беше ни сува, обична песочна дупка без место за седење или јадење: беше тоа дупка на хобит, а тоа значеше удобност.“
Оваа хобитска дупка му припаѓаше на Билбо Багинс, угледен член „на малите луѓе, високи половина од нашата висина и пониски од брадестите џуџиња.“ Како и повеќето од неговиот вид, прилично богат, добро нахранет, и најзадоволен кога седи покрај својот оган со луле, чаша добро пиво, и добар оброк. Овој хобит е последната личност од која би очекувале да тргне на опасно патување.
Гандалф Сивиот го посети едно утро „барајќи некого за учество во една авантура“. Багинс посакуваше волшебникот да не е тука. Немаше таква среќа, и тринаесет џуџиња пристигнаа на неговиот праг. Пред да има време да ја грабне својата шапка или чадор, Билбо Багинс веќе беше извлечен надвор од својот удобен дом во опасната авантура.
Целта на џуџињата е да се вратат во домот на предците во Осамената планина и да го вратат украденото богатство од змејот Смог. Низ патувањето, тие и нивниот верен сопатник Билбо ќе се соочат со џиновски пајаци, непријателски самовили, одмазднички волци и подземното суштество Голум, од кое Билбо во темнината, во игра со загатки на живот или смрт ќе го најде најдрагоценото од сè - магичниот прстен...