Мени
Вашата кошничка

ПОПУСТ од 10 до 50%

Крвава приказна

Крвава приказна
-31 %
Крвава приказна
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Оисин Куран
  • Димензии: 13.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2019
  • Број на страници: 268
  • Корица: мек повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-763-5
This offer ends in:
Дена
Часа
Мин.
Сек.
249.00 ден.
360.00 ден.
Без ДДВ: 249.00 ден.

Мејн, 1980. Утописката будистичка заедница е на работ на колапс. Авторитетот на харизматичниот водач се руши откако неговите следбеници сфаќаат дека се предолго експлоатирани. За да бидат работите полоши, единаесетгодишниот син на еден од приврзаниците дознава дека мајка му има рак.
Наоѓајќи прибежиште во својата фантазија, момчето почнува да зборува за друго време и место. Неговите родители веруваат дека тој се сеќава на својот претходен живот. Ова сеќавање е приказна за потрагата по изгубениот град рефрактирана низ леќата на авантурите кои момчето сака да ги чита. Но чудно, како што светот околу нив се распаѓа, тој и неговите родители откриваат дека неговата приказна како да ги претскажува настаните кои се случуваат во нивните сегашни животи.

„Семејна драма, фантастично патување, и поетична рефлексија на љубовта, смртта и предавството, овој неверојатен, дораснат роман ја разоткрива тешката врска меѓу слободната мисла и слепата верба, одбегнувањето и просветлението. „Крвава приказна“ на Оисин Куран е авантура за срцето и душата.“ —Јохана Скибсруд, автор на „Сентименталисти“ и „Квартет за крајот на времето“