- Залиха: Достапен
- Автор: Сидар Бауерс
- Година на издавање: 2022
- Број на страници: 291
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-608-4799-32-0
This offer ends in:
Дали би можеле да се видите себеси онака како што другите ве гледаат?
Родена и порасната во оддалечена комуна во Британска Колумбија, Астра Брајн долго се бори со барањето на своето место во светот. Нејзиниот живот станува студија на тенката линија меѓу зависноста и љубовта, потребата и копнежот.
Како што нејзиниот пат се вкрстува со патиштата на другите – често само накратко, но секогаш интензивно, таа ќе наиде на луѓе кои, еден по друг сакаат да ја спасат, контролираат, променат и одбегнат, откривајќи тешки, но блескави вистини за тоа кои се тие и по што копнеат. Другарка од детството која се плаши од непредвидливата Астра, странецот кој ја спасува од бездомништво, а потоа мора да се бори со сопствените демони, мајката која ја вработува Астра како дадилка дури и кога нејзиниот брак излегува од колосек, човекот кој ќе направи храбар чекор и ќе се ожени со неа...
Приказната на Астра нѐ потсетува на длабокото влијание кое една жена може да го има врз тие околу неа и битките за превласт кои се случуваат во сите наши врски, колку и да се тие интимни.
Романот „Астра“ е метафора за судбината и значењето на непомирувањето со неа за вистински да се живее.