Мени
Вашата кошничка

ПОПУСТ од 10 до 50%

Погорелци

Погорелци
Погорелци
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Владимир Плавевски
  • Димензии: 13.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2020
  • Број на страни: 206
  • Корица: мек повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-788-8
420.00 ден.
Без ДДВ: 420.00 ден.

Најновиот авторски ракопис „Погорелци“ од Владимир Плавевски содржи ексклузивитет на темата што ја обработува како и начинот и стилот како ја обработува оваа за нас речиси непозната тема. Имено, веднаш по катастрофалниот земјотрес во Скопје на 26 јули 1963 година, поради тешките услови на живот, сите деца од школска и гимназиска возраст биле евакуирани во градови ширум тогашна Југославија. Авторот раскажува за себе и децата кои отпатувале во Словенија и биле сместени во Марибор и Птуј.
Писателот Плавевски во ова свое најново романескно остварување дејствието го води со посебен раскажувачки нерв и оригиналност, со изненадувачки пресврти во дејствието, со брилијантен дијалог кој воодушевува поради приказот на личностите во објективно, на моменти и комично светло, со занимлив, филмски сценаристички приказ на настаните 
и личностите.
Владимир Плавевски остварува возбудлив раскажувачки потфат, кој прв пат опфаќа ваква, бегалска тема, 
(не)позната во нашата македонска историја. На мошне умешен и оригинален начин е изведен наративен ткаеж кој никого не може да остави рамнодушен.
Плавевски како роден скопјанец и директен сведок на опишаните настани ги преточил во возбудлива, читлива и привлечна уметничка проза.

проф. д-р Христо Петрески