- Залиха: Достапен
- Автор: Салвадор Дали
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2013
- Број на страници: 102
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-620-1
This offer ends in:
Во оваа многу ретка и мошне значајна автобиографска книга,
авторот Салвадор Дали (1904-1989) ги објаснува своите животни и уметнички постапки,
комплексните основи на својата ексцентричност и бескрајната надреалистичка фантазија
со која го обележа сликарството во дваесеттиот век.
Во книгава се содржани следниве тематски целини: Тајниот живот на Салвадор Дали, Раѓањето на Салвадор Дали,
Анегдотскиот авторитет, Детството, Младешкото доба, Каменото доба, Средбата со Гала, Мојата борба и Повторно Париз.
Салвадор Дали е шпански сликар и протагонист на надреализмот, а неговото дело е забележливо
по впечатливите комбинации на бизарните халуцинантни претстави и
извонредната сликарска умешност под влијание на ренесансните мајстори.
Тој е уметник со огромен талент и имагинација, цртежите му се
изведени до перфекција и секогаш во простор во кој се насетува родниот крај.
Со своите слики изврши големо влијание врз низа уметници од целиот свет
и тие се одликуваат со распространет симболизам.
Салвадор дали самиот за себе вели: „Јас сликам слики што ме прават да умрам
од радост, јас креирам со апсолутна природност, без и најмала естетска грижа,
јас правам нешта што ме инспирираат со длабока емоција и се трудам да ги насликам нештата искрено.“