Мени
Вашата кошничка

Тајните на напуштената куќа

Тајните на напуштената куќа
Тајните на напуштената куќа
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Снебјорн Арнгримсон
  • Година на издавање: 2022
  • Број на страници: 200
  • Корица: тврд повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-838-0
390.00 ден.
Без ДДВ: 390.00 ден.

Мистериозна авантура за деца, приказна што ќе ги задржи читателите целосно маѓепсани, привлекувајќи ги со таква неодолива сила што во нивните умови ќе нема простор за ништо друго во целиот универзум, освен за светот од приказната…

Гудјон Г. Георгсон штотуку се досели во Свонби, каде една напуштена куќа стои тажна и празна на периферијата од селото. Во неа живеел Ролф, најбогатиот човек во селото, кој ретко излегувал од сопствениот дом. Набрзо Гудјон ја запознава својата нова и љубопитна пријателка Мила, која пак никогаш не го видела нејзиниот сосед Ролф. 
Еден ден на скалите од локалната библиотека се појавува еден мистериозен дрвен ковчег заедно со писмо од Ролф Богатиот. Во писмото има порака дека ковчегот не смее да се отвори додека не измине една година од неговата смрт. Писмото крие загатка со три траги кои водат кон едно неизвесно патување. Оној што ќе ја реши загатката, ќе го најде патот што води до изворот на животните тајни на Ролф, до клучот на неговото богатство и до мистеријата на Напуштената куќа. 
Ќе биде опасно и нема да биде воопшто лесно, но Гудјон и Мила се подготвени за оваа авантура...