- Залиха: Достапен
- Автор: Мари-Луиз Геј и Дејвид Хомел
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2023
- Број на страници: 162
- Корица: тврд повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-858-8
This offer ends in:
НОВО продолжение на популарниот и урнебесен серијал за љубопитното семејство на Чарли и нивните неверојатни патувања низ светот!
Нешто сомнително се случува... Училиштето заврши, но родителите на Чарли сѐ уште ги немаат соопштено вообичаените планови за одмор „надвор од разгазената патека“. Дали ќе го поминат летото пловејќи со кану и алигатори во Окефеноки? Или ќе јадат скакулци во Мексико? Ќе бегаат од торнада, песочни бури или урагани?
Чарли набрзо дознава дека ова лето тие ќе престојуваат во родниот град Монтреал. Ова ќе биде лето без патувања и без опасни авантури – си вели тој. Но, Чарли греши... Од пребродувањето на „Бурата на векот“ и соочувањето со диви животни во сопствениот двор, до барањето летна работа и шпионирањето на „убиецот со секира“ со неговиот помал брат, Чарли наскоро сфаќа дека ако барате авантура – таа секогаш ќе ве пронајде вас, дури и на сопствениот праг.